Пјер-Емерик Обамејанг се врати во англискиот шампионат и повторно ќе игра во Лондон. Овој пат, сепак, 33-годишниот напаѓач ќе го носи тимот на Челси.
„Сините“ го доведоа од Барселона за 12 милиони евра. Поранешниот капитен на Арсенал потпиша двегодишен договор. Тој во својот нов клуб ќе го носи дресот со број „9“.
„Многу сум среќен. Чест е да се биде дел од овој тим и едвај чекам да започнам да играм. Имам незавршена работа во Премиер – лигата, па возбудливо е да се вратам”, сподели Обамејанг.
Тој помина нешто повеќе од половина година на „Камп Ноу“ откако во јануари потпиша за Барселона како слободен играч.
Our newest recruit, Pierre-Emerick Aubameyang! 😎 #AubameyangIsChelsea pic.twitter.com/ptrjqecDz2
— Chelsea FC (@ChelseaFC) September 1, 2022
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal