Актуелниот првак Шкендија одигра без голови против Брегалница во Штип, но Академија Пандев во последен миг стигна до триумф (0-1) на гости против Ренова во Тетово. По ова, „пандевци“ ја преземаат втората позиција на табелата со 55 бода, а потоа следуваат Шкендија и Македонија ЃП со по 53 бода на третата и на четвртата позиција, во трката за излез во Европа. Лидер е Шкупи кој е пред освојување на шампионската титула.
Марко Мартинага со одличен шут од 25 метри во 90.минута донесе важен триумф за Академија Пандев во Тетово.
Тиквеш оствари победа (1-2) на „Автокоманда“ против Скопје. Кавадарчани се погрижија за пресврт во второто полувреме со головите на Ристе Каракамишев и на Едиз Спахиу. Во првото полувреме, водство за Скопје донесе Дино Најдоски во 19.минута, но домаќинот не успеа да го задржи.
ПРВА ЛИГА, 28.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА 0-0
РЕНОВА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 0-1
СКОПЈЕ – ТИКВЕШ 1-2
МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ 1-0
ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ 0-1
БОРЕЦ – СТРУГА ТРИМ ЛУМ 2-0
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal