Њукасл го засили интересот за играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Калвин Филипс, и се надева дека ќе може брзо да го ангажира на позајмица по отворањето на јануарскиот преоден рок. Играчот од средниот ред на „граѓаните“ важи за врвен приоритет на тимот на Еди Хау, пишуваат медиумите на Островот.
Поради правилата за финансиски фер-плеј, кои ги ограничуваат трансферните активности на Њукасл, раководството на клубот ќе зема нови играчи главно на позајмица, со вклучена откупна клаузула.
Менаџерот Еди Хау би сакал да ангажира нов напаѓач и играч од средниот ред следниот месец, но е свесен за буџетските ограничувања. Нов голман, исто така, може да биде опција поради тешката повреда на стартерот Ник Поуп, а слободниот агент Давид де Хеа изгледа како одлична краткорочна опција.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













