Англискиот премиерлигаш Њукасл сака да ја засили одбраната со Диего Карлос и испрати нова понуда за него, но и таа е одбиена. Шпанските медиуми пишуваат дека на Севилја и биле понудени 25 милиони евра, но дека клубот одбива да се откаже од важен играч среде успешна сезона.
Диего Карлос во договорот има клаузула според која може да си замине во случај да биде платена отштета од 80 милиони евра.
Раководството на богатиот англиски клуб преговара на повеќе фронтови и сака речиси комплетно да го реновира тимот за вториот дел од сезоната во Премиер – лигата со надеж да обезбеди опстанок во елитата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













