Њукасл се пласира во следната рунда во ФА купот на Англија откако на гости го совлада Сандерленд со 0-3. Тоа беше прв дуел на лутите ривали по пауза од осум години.
Даниел Балард во 35.минута си постигна автогол. Тој ја затресе сопствената мрежа кога интервенираше по центаршутот на Жоелинтон.
Александер Исак во 46.минута зголеми на 0-2, а третиот гол исто така беше негово дело во 90.минута од мечот.
Најголемото изненадување го направи шестолигашот Мејдстон, кој го победи третолигашот Стивениџ (1-0). Ковентри беше подобар од Оксфорд (6-2), Лестер победи на гостувањето кај Милвол (3-2), додека Ипсвич како гостин го победи Вимблдон (3-1).
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













