Арсенал предвреме го ослободи Габонецот Пјер Емерик Обамејанг за Купот на Африканските нации откако неговиот статус во клубот е „замрзнат“ поради непочитување на клупските правила. Решение за оваа ситуација нуди Њукасл кој сака да се засили во зимскиот преоден рок и ќе даде понуда за да го позајми фудбалерот до крајот на сезоната.
На напаѓачот на Габон минатиот месец му беше одземена капитенската лента на Арсенал и беше отстранет од тимот поради дисциплински причини и оттогаш не одигра ниту еден меч.
Иднината на Обамејанг е топ тема со отворањето на јануарскиот преоден рок.
Њукасл стапил во контакт со Арсенал за договор за позајмица на отфрлениот напаѓач. „Чавките“ сакаат да го ангажираат 32-годишниот Обамејанг на позајмица до крајот на сезоната, но исто така ќе понудат и комплетен откуп на договорот за 20 милиони фунти.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил













