Англискиот премиерлигаш Њукасл се обидува да обезбеди опстанок во Премиер – лигата, а и покрај новите богати сопственици не може лесно да дојде до врвни засилувања поради позицијата на табелата. Раководството мора да пронаѓа изнудени решенија за да го засили тимот за вториот дел од сезоната.
Њукасл е заинтересиран во јануари да го доведе поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Одион Игало кој сега е член на Ал Шабаб.
Игало е обврзан со договор со Ал Шабаб до летото 2023 година, но се чини дека клубот не би му застанал на патот во случај на понуда од Англија. Нигериецот може да биде многу интересно преодно решение за „чавките“.
Тој во Манчестер Јунајтед докажа дека се уште може да игра на врвно ниво, но под услов тоа да се искористи правилно.
Игало можеби не е главната цел на менаџерот Еди Хау, но тој би бил многу добра алтернатива за Калум Вилсон.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил













