
Барселона се надева дека конечно ќе се ослободи од Самуел Умтити во јануари. Каталонскиот клуб веќе некое време се обидува да го продаде францускиот дефанзивец, а летово дури му понуди спогодбен прекин на соработката, што Умтити на крајот го одби.
Французинот остана во Барселона бидејќи верува дека може да се избори за место во стартниот состав на овој тим, но сега му се чини јасно дека ништо од тоа нема да се случи.
Чави отворено му призна на Умтити дека нема да смета на него во вториот дел од сезоната и дека најдобро е да бара нов клуб доколку сака да игра. На негово заминување се надеваат и челниците на клубот бидејќи Умтити би го ослободил буџетот за плати.
Шпанските медиуми вчера објавија дека Фенербахче покажал интерес за Умтити, но и клуб од Премиер – лигата кој се чини дека многу посериозно влегол во преговори со Барселона.
Њукасл сака да го доведе Умтити, со што би ја засилил одбраната, бидејќи на „чавките“ не им оди најдобро во Премиер – лигата оваа сезона. Како што стојат работите, тие ќе се борат за опстанок, а богатите сопственици ќе направат се за значително да го засилат тимот во јануари.
Њукасл е подготвен да плати околу 20 милиони евра отштета, а се очекува Барселона без проблем тоа да го прифати. Сепак, останува да се види дали конечно фудбалерот ќе се согласи да го напушти „Камп Ноу“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Сорлот влезе во историјата на Ла Лига (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Сорлот даде четири гола за половина час!

Евро-фудбал
Лацио се спаси од пораз против Јуве (ВИДЕО)

Интернационалци
Ајакс чукна на порти кај Елиф Елмас!

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната
