Белгискиот фудбалер Еден Азар е се поблиску до заминување од Реал Мадрид. Како што пренесуваат шпанските медиуми, белгискиот репрезентативец кој имаше многу проблеми со повредите е на пат да се врати во Премиер – лигата.
„Ел Насионал“ пренесува дека раководството на „кралевите“ го загубило трпението со Азар и дека е подготвено да го продаде што е можно побрзо. Посебно што тој е најплатениот фудбалер во тимот. Ако замине, би се ослободил буџет за ново засилување во нападот.
За Азар се заинтересирани два клуба од Премиер – лигата, Њукасл и Астон Вила, кои доколку го сакаат во своите редови, на Реал Мадрид би требало да му платат 20 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













