Connect with us

Њукасл го враќа Рафиња во Премиер-лигата?

Њукасл сака да ја засили офанзивната моќ на тимот и во таа насока се фокусира кон еден од играчите на Барселона. Според каталонскиот „Спорт“, Њукасл сака на лето да го ангажира бразилското крило Рафиња, кој им се приклучи на Каталонците во летото 2022 година од Лидс за 75 милиони евра.


Една од причините зошто може да се случи овој трансфер е позицијата на Рафиња во Барселона. Во текот на сезоната, тренерот Чави Хернандез ја смени тактиката, поради која бразилскиот крилен напаѓач често се појавуваше на теренот само од клупата за резерви. Ситуацијата се промени дури по повредата на Французинот Осман Дембеле, а неговото враќање на теренот можеби нема да му гарантира на Рафиња доволна минутажа во тимот.

Во текот на изминатиот зимски преоден рок, Арсенал се обиде да го доведе Бразилецот, но раководството на каталонскиот клуб одби таква зделка.

Рафиња оваа сезона забележа 34 настапи за Барселона во сите натпреварувања. Неговата статистика вклучува седум гола и девет асистенции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови