Искусниот белгиски фудбалер Маруан Фелаини по три години би можел да се врати во Премиер – лигата и да го облече дресот на Њукасл. Англискиот премиерлигаш се обидува да го засили составот и да обезбеди опстанок откако во текот на сезоната доби нови богати сопственици.
Њукасл се сврте кон Фелаини, кој е обврзан со договор со Шандонг Таишан до 2025 година, но е подготвен да го фати последниот воз за да се врати во најсилната лига во светот.
Фелаини го помина најголемиот дел од кариерата на Островот. Помина половина деценија во Евертон, а потоа шест години играше за Манчестер Јунајтед.
Сега на ред е уште посеверна рута и до крајот на месецот ќе се знае дали ќе се реализира овој спектакуларен трансфер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













