Барселона напорно работи на враќањето на Лионел Меси, но за тоа клубот треба да заработи пари. Според каталонски „Спорт“, Ансу Фати би можел да го „финансира“ враќањето на Меси.
Неговиот агент Жорге Мендеш и порача на Барселона да очекува понуда од дури 70 милиони евра од засега неименуван клуб од Премиер – лигата. Сепак, медиумите на Островот откриваат дека се работи за Њукасл.
Каталонски „Спорт“ тврди дека Фати не е во плановите на Чави Хернандез, што може да се заклучи и врз основа на сѐ помалата минутажа.
Дури и кога се повреди Осман Дембеле, предност имаа Феран Торес и Гави, Фати главно доаѓа од клупата и не е задоволен од својот статус.
Фати, сепак, сака да се докажува и да остане во Барселона, но доколку клубот има понуда од дури 70 милиони евра, нема сомнеж дека Жоан Лапорта ќе го продаде.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













