
Косово дојде да победи. Тоа е најважниот натпревар за сите фудбалери кои ќе настапат, но и за цело Косово како држава воопшто. Не се комплетни, но се максимално мотивирани. Ова го најави напаѓачот Атде Нухиу, кој ќе ја носи капитенската лента во отсуство на Амир Рахмани и на Ведат Муричи.
„Не чека многу важен натпревар, не само за Косово туку и за целата држава. Знаеме што значи овој натпревар за нас. Ние го чекавме долго овој меч и знаеме како играчи што не очекува. Затоа сме подготвени максимално да одговориме на предизвикот. Верувам дека за секого од играчите овој е животен натпревар. Исто и за секој граѓанин на Косово се чувствува како ние играчите и ќе ни даде поддршка. Ние ќе дадеме се од себе за да дојдеме до резултатот кој го посакуваме“, изјави Нухиу.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski