
Клубовите од Европа, посебно од големите 5 лиги, добија право да им забранат на фудбалерите да заминат на репрезентативен повик во март, одлучија во ФИФА. Ова значи дека и селекторот Игор Ангеловски би можел да има проблеми при собирањето на националниот тим за првите три меча од квалификациите за СП 2022 во Катар.
Македонија на 25 март гостува на Романија, три дена подоцна го пречекува Лихтенштајн, а на 31 март ќе игра на гости против првиот фаворит Германија.
Секоја земја има право да одлучува која дестинација влегува во критична зона од која фудбалерот при враќањето би морал да замине во карантин. Во таков случај клубот не е должен да го пушти на репрезентативен повик.
Ова право би можеле сериозно да го користат клубовите од Италија, а таму Македонија ги има Горан Пандев (Џенова), Елиф Елмас (Наполи), Илија Несторовски (Удинезе) и Бобан Николов (Лече). Проблематично може да биде доаѓањето на Езгјан Алиоски (Лидс Јунајтед) од Велика Британија, како и настапот на интернационалците од Шпанија – Енис Барди (Леванте), Столе Димитриевски (Рајо Ваљекано) и Александар Трајковски (Мајорка).

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ

Интернационалци
Бојан Димоски пред трансфер во ТСЦ Бачка Топола
