Connect with us

Новиот Вардар е моќен, го нокаутира шампионот во Струга (ВИДЕО)

Вардар ја оствари првата пролетна победа откако славеше на гостување против Струга Трим Лум со 0-2. Реновираниот тим на Гоце Седлоски покажа дека е моќен во Струга, иако загуби во претходното коло од Шкендија во Скопје. Со овој триумф, вардарци го напуштија последното место на табелата и сега имаат 16 бода, со кои во моментот се на деветтата позиција.

Вардар поведе со голот на Горан Закариќ во 68.минута. Тој одлично реагираше на нафрлувањето од левата страна, ја смири топката во шеснаесетникот и со силен удар го совлада Ведран Ќосевски.

Во 82.минута „црвено-црните“ постигнаа и втор погодок. Стрелец беше новото засилување Роџерс Мато, кој постигна прекрасен погодок, шутирајќи силно од работ на шеснаесетникот.

Струга ТЛ го стартуваше пролетниот дел од првенството со два порази. Загуби од Гостивар (1-0) на дуелот во Скопје, а сега и од Вардар на домашен терен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови