Connect with us

Новиот тренер на Валенсија не го гледа Столе Димитриевски како прв голман?

Столе Димитриевски има сериозна причина за загриженост во однос на својата иднина во Валенсија, откако новиот тренер на тимот, Карлос Корберан, инсистира на доведување на нов прв голман.

Димитриевски претходно добил ветување од поранешниот тренер Рубен Бараха и од управата на клубот дека, по една сезона како замена на Мамардашвили (чиешто заминување во Ливерпул во јули 2025 веќе е договорено), од летово тој ќе биде прв голман на „лилјаците“ од „Месталја“. Но, ситуацијата се промени со отпуштањето на Бараха и доаѓањето на Корберан, кој на средба со спортскиот директор Рон Гурли во Сингапур јасно истакнал дека негов приоритет на трансфер пазарот е нов, врвен голман кој ќе го замени Мамардашвили.

Најголема желба на Корберан е Хулен Агирезабала од Атлетик Билбао, кој минатата сезона бранеше на 29 натпревари и, според шпанските медиуми, е многу блиску до трансфер во Валенсија.

Ова би бил сериозен удар за Димитриевски, кој остана лојален на клубот дури и во јануари, кога одби неколку понуди со надеж дека ќе добие шанса како прв избор. Меѓутоа, по најновите случувања, се зголемуваат шансите македонскиот голман летово да замине во друг клуб каде би имал сигурен првотимски статус.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови