Нема непознати во Првата лига. Во пресрет на последните две кола, Струга Трим Лум веќе се промовира во нов шампион, ја освои првата титула во историјата на клубот. Денеска стружани ги очекува дуел против Шкендија во Тетово, за ново докажување дека се најдобри оваа сезона.
Шкендија и Шкупи се уште се натпреваруваат за второто место, иако и двата клуба обезбедија пласман во Европа.
Шкупи на Чаир ја пречекува Македонија ЃП и формално само уште две кола ќе биде шампион.
Силекс во Кратово ќе биде домаќин на Работнички кој е во победничка низа, а Брегалница ќе ја пречека Академија Пандев. Гостите ќе ги предводи Тони Атанасов кој го наследи Александар Васоски.
Скопје исто така гостува, оди на мегдан на Тиквеш во Кавадарци и се надева дека сепак може да избегне бараж. Но, тоа ќе биде и сериозно тешко да се реализира.
Натпреварите од претпоследното коло во Првата лига се закажани за 17 часот.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 32.КОЛО (денеска, 17 часот)
ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ
ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП
СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ
БРЕГАЛНИЦА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ
ТИКВЕШ – СКОПЈЕ
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













