Шведскиот ас Златан Ибрахимовиќ сака да игра и следната сезона и преговара со раководството на Милан за продолжување на соработката. Но, доби непријатни информации дека ќе има значително намалување на неговите годишни примања. Причината е јасна – Ибрахимовиќ е веќе ветеран, ја мина 40-тата година од животот.
Челниците на клубот зедоа предвид низа параметри – Ибра несомнено и понатаму прави предност на теренот, но без него тимот игра поинаку, побрзо, со повеќе трка и пресинг. Откако се врати во Милан, кариереата на Ибрахимовиќ е одбележана не само со голови, туку и со чести повреди, поради што на „Сан Сиро“ сериозно размислуваат за неговата плата и времетраењето на договорот.
Идејата на Милан е на Златан да му се понуди нов едногодишен договор, но со помали примања, а тренерот Стефано Пиоли ќе го користи напаѓачот малку поинаку за да се намали обемот на работа и можноста за нови повреди. Затоа, Ибрахимовиќ почесто ќе се сели на клупата, односно ќе има дозирана минутажа на оние натпревари на кои тоа ќе го дозволи резултатот.
Ибра оваа сезона настапи на 15 натпревари за Милан (11 во Серија А, четири во Лигата на шампионите), на кои постигна седум гола и додаде две асистенции, сите во италијанското првенство.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил













