
Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо, доби ново обвинение за сексуален напад, пренесува „Скај Спортс“. Во септември 2018 година, манекенката Кетрин Мајорга поднесе тужба против Португалецот за силување во хотел во јуни 2009 година. Таа тврди дека добила 375.000 долари од Роналдо за своето молчење.
Манекенката сакала да добие од фудбалерот 56,5 милиони долари. Тврдењето на американскиот државјанин потоа беше отфрлено.
Во октомври 2020 година, Мајорга направи нов обид за правна постапка против фудбалерот. Манекенката се надеваше дека ќе докаже дека не може да ги разбере условите на договорот за необјавување што го потпиша во 2010 година.
Забележано е дека адвокатите на Мајорга сега имаат намера да побараат од Апелациониот суд на САД да ја поништи одлуката за отфрлање на случајот и повторно да го отвори.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У16 со убедлив триумф против Црногорците

Интернационалци
Нови Пазар го претстави Јован Манев како ново засилување
