Connect with us

Нови проблеми за Челси: Кристенсен тргнува по стапките на Рудигер

Европскиот првак Челси не се откажува од „лов“ на големи ѕвезди за својот тим, но со тоа малку ја нарушува хиерархијата на платите и ризикува да остане без дел од своите играчи. Одамна е познато дека прв на листата „незадоволни“ поради поскромна плата е Антонио Рудигер, кој на лето ќе стане слободен агент и има понуди од Баерн Минхен, Реал Мадрид, Пари Сен Жермен. Нема да му биде лесно на Челси да го задржи.


Слична е ситуацијата сега и со Андреас Кристенсен, со кого преговорите се во застој веќе два месеци. Данецот игра феноменално под палката на Томас Тухел, важи за еден од најдобрите стопери во Премиер – лигата и пред него се најдобрите години во кариерата.

Тој сака да остане на „Стемфорд бриџ“, но сака и договор во согласност со неговите игри, а Данецот е меѓу најслабоплатените играчи во тимот. Челси му нуди четиригодишен договор со можност за продолжување на уште една сезона, но со недоволно зголемување на платата.

Во исто време, Мино Раиола му го нуди Челзи на Матијс де Лихт, а Жул Кунде и понатаму е желба на Томас Тухел, па не е исклучено клубот да се сврти кон нови идеи во одбраната. Доколку Кристенсен стане слободен, по него ќе тргнат сите великани на европскиот фудбал, а дали Челси ќе остане без двајца одлични дефанзивци ќе покаже летниот преоден рок.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови