Аргентинскиот интернационалец Пауло Дибала ги прекина преговорите за нов договор и побара од Јувентус да ги изедначи неговите приходи со годипната плата на Матијс де Лихт. Како што откриваат италијанските медиуми, ова создаде нови проблеми во преговорите меѓу двете страни.
Годишната плата на Де Лихт во Јувентус е 9 милиони евра, но со бонусите се искачува и до 12 милиони евра, што го прави најплатен играч во клубот. Јувентус во моментов му нуди на Дибала 9 милиони евра, вклучувајќи ги и бонусите. На ова не се сложува одличниот офанзивец.
Договорот на 27-годишниот Аргентинец го врзува за клубот од Торино до крајот на тековната сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













