
Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година (фудбалери родени 2004 и 2005 година) денеска во хотел „Парк” го имаше првиот собир во пресрет на двата контролни натпревари со соодветната селекција на Косово.
Контролните мечеви ќе бидат одиграни на тренинг центарот „Петар Милошевски”, во Скопје, на 14 ноември со почеток во 13 часот и 17 ноември во 12 часот.
Фудбалерот од средниот ред на македонската репрезентација, Матеј Ангелов даде свое видување и коментар за новата генерација на млади фудбалери, како и за претстојните натпревари со Косово.
„За овие контролни натпревари повикани сме поголем број на фудбалери. На дуелите со Косово ќе треба да го покажеме нашиот квалитет и да ја ооправдаме довербата на селекторот. Мислам дека оваа нова генерација има квалитет и потенцијал за да оствари позитивни резултати. Неколку фудбалери, а меѓу нив и јас имавме можност да бидеме дел и од претходната генерација, а тоа за нас претставуваше едно големо и драгоцено искуство, кое верувам дека ќе има позитивно влијание.
Двата контролни натпревари со Косово ќе ни послужат што е можно подобро да се подготвиме и воиграме за претсојните предизвици што не очекуваат во следниот квалификациски циклус. Ние како фудбалери максимално се ставаме на располагање на селекторот и стручниот тим, подготвени сме позитивно да одговориме на тоа што ќе се побара од нас на теренот. Сакаме да дадеме се од себе на следните натпревари со Косово, за да го потврдиме нашиот квалитет“, изјави Ангелов.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар

Евро-фудбал
Арсенал тргнува по потписот на Еберечи Езе

Евро-фудбал
Челси го претстави Жоао Педро (ВИДЕО)
