Секој потег на Килијан Мбапе е под лупа. Без разлика дали се тоа неговите магични настапи на теренот или она што го прави во неговиот личен живот. Сега ѕвездата е во центарот на вниманието поради новата љубовна врска.
Според медиумите во Шпанија и Франција, новата љубов на напаѓачот е шпанската пејачка Лола Индиго. Се зборува за аферата меѓу Мбапе и Лола откако тој ја заследи на Инстаграм. Ова веднаш привлече внимание. И не може поинаку, бидејќи само 412 луѓе ја имаат честа да ги следи француската фудбалска ѕвезда.
Лола Индиго или Миријам Доблес Муњоз, како што е нејзиното вистинско име, е многу популарна по настапите во латино, регетон и електропоп стилови, а на почетокот на кариерата настапуваше и како танчерка. Таа живее во Мадрид и сигурно е уште една причина за Килијан Мбапе летово да се пресели од ПСЖ во Реал Мадрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













