Лидс Јунајтед денеска му гостува на Арсенал на „Емирати“, а овој дуел од Премиер – лигата има и посебна најава поврзана со македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски. Тој ќе има нова средба со „другарот Пепе“, со кој имаше жестока расправија на минатиот меч меѓу двете екипи. Пепе доби црвен картон, а за малку беше избегнат и физички судир што го спречи фудбалерот на Арсенал, Гранит Џака.
„Знаете што кажа Џани пред некој ден во соблекувалната? Дека едвај чека да дојде недела“, раскажа Патрик Бамфорд.
Сите се прашувавме зошто, а Алиоски одговори со свој стил.
„Ќе го видам повторно мојот „другар“ Пепе“.
Лидс Јунајтед има три победи на последните четири натпревари во Премиер – лигата и се наоѓа на десеттата позиција на табелата со 32 бода.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













