По речиси еден месец од Европското првенство во Германија, остана само уште финалето. Вторпат по ред, до таа фаза стигна Англија. Тимот на Герет Саутгејт во полуфиналето со пресврт ја победи Холандија со 2-1 и обезбеди дуел со Шпанија за трофејот европски шампион.
Холанѓаните рано поведоа со прекрасен гол на Чави Симонс, но Хари Кејн брзо возврати од пенал. Кога се чинеше дека натпреварот ќе оди во продолженија, се појави Оли Воткинс и постигна гол во 90. минута.
Сепак, според многумина, пеналот што беше досуден за Англија, а потоа и реализиран, е многу контроверзен. Контактот помеѓу Кејн и Дензел Дамфрис не е спорен, но дојде откако Кејн веќе упати удар кон голот и промаши. Судецот Феликс Цвајер по прегледот на снимката одлучи дека се работи за старт за најстрога казна.
🥱❌An inside joke gesture towards my close friends from Netherlands. Nothing but respect for how Zwayer manipulated the game tonight.🤝 pic.twitter.com/b7QHbrIV9p
— Kirchi 🇩🇪🏴🦊 (@kirchi_privat) July 10, 2024
Исто така, на повторената снимка многумина сметаат дека е можно да се види како пред контактот помеѓу Кејн и Дамфрис, Букајо Сака ја допре топката со рака.
На снимката се гледа како Сака се обидува да ја контролира топката со телото, а потоа таа се одбива кон раката. Играњето со рака по одбивањето на топката од телото често се истакнува како дозволено. Момент подоцна, Кејн замавнува кон топката, а Дамфрис го удира во обид да го блокира.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













