
Напаѓачот на Барселона, Ансу Фати, повторно се повреди. Неверојатно е дека Шпанецот доби нова повреда на задната ложа, ако се земе предвид дека буквално и не игра кај Ханси Флик. Но, поради новата повреда која ја здоби на денешниот тренинг, ќе паузира околу еден месец.
Од друга страна, ова и не е изненадување ако се земе предвид дека медицинскиот тим на Барселона минатата година се обиде да го убеди Фати да оди на операција за да го реши проблемот со ложата. Фати одби, се лекуваше со алтернативни методи и сега ја обнови мускулната повреда.
Изгледа дека на овој начин можеби и се прости од Барселона, бидејќи планот на клубот е да го продаде или да го прати на позајмица во зимскиот преоден рок.
Фати е дете на Барселона, експлодираше кај Ернесто Валверде, но сè тргна надолу откако во ноември 2019 година се здоби тешка повреда на предните вкрстени лигаменти на коленото.
Беше на три операции, паузираше повеќе од една година, а потоа започнаа честите проблеми со ложите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски почна да стрела за Клуж

Прва лига
Струга ТЛ се раздели со Стефан Спировски

Евро-фудбал
Мурињо сака да го доведе Санчо во Фенербахче

Евро-фудбал
Интер со пресврт до триумф против Урава редс
