Connect with us

Нов удар за Португалците пред СП

Искусниот дефанзивец на Порто, Пепе, би можел да го пропушти Светското првенство во Катар. 39-годишниот репрезентативец на Португалија има повреда на коленото. Последен пат одигра четири минути во победата над Баер Леверкузен во Лигата на шампионите.


Тренерот на Порто, Серџо Консеисао, изјави дека не знае дали ќе може да смета на него уште неколку недели.


„Медицинскиот персонал ќе направи се што е можно. Дали ќе бидат потребни денови или недели, ќе видиме“, изјави Консеисао.

Португалија претходно остана без Диого Жота, напаѓачот на Ливерпул, кој дефинитивно ќе го пропушти Мундијалот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови