Ливерпул доживеа нов удар при триумфот над Ајнтрахт Франкфурт со 1-5 во Германија во Лигата на шампионите, откако едно од новите засилувања, Џереми Фримпонг, доби нова повреда и беше принуден да го напушти теренот по само 19 минути игра. Холандскиот фудбалер доби нова повреда на бутниот мускул и ќе биде надвор од теренот неколку недели, што е уште една лоша вест за Арне Слот.
Ливерпул во последните недели ги загуби Џовани Леони до крајот на сезоната, Алисон, Рајан Гравенберх, а и Александер Исак се пожали на повреда и ќе мора да паузира.
Ситуацијата со мускулните повреди на Фримпонг почнува да станува загрижувачка за медицинскиот тим, бидејќи ова е трет мускулен проблем за поранешниот фудбалер на Баер Леверкузен од неговото доаѓање на „Енфилд“ летото. При претходните две повреди тој помина вкупно повеќе од еден месец надвор од теренот, а сега се очекува повторно да отсуствува неколку недели.
Некои првични прогнози укажуваат дека десниот бек може да добие подолго време за опоравување, за да бидат сигурни лекарите на Ливерпул дека тој е целосно здрав и подготвен за игра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Интернационалци
Агон Елези стрелаше во вечното босанско дерби (ВИДЕО)
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













