
Фудбалската атмосфера во БиХ не е на највисоко ниво, голманот Асмир Беговиќ јавно обвини дека криминалци го водат фудбалот, а најновиот скандал што го објави телевизијата „Н1“ е дека познат фудбалски менаџер му купил место во репрезентацијата на свој клиент. Излезе преписка во која тој се фали дека ја завршил работата за својот клиент кој ќе има можност да настапи на натпреварот меѓу Босна и Херцеговина и Костарика, одигран на 27. март оваа година.
Фудбалскиот агент однапред знаеше кога и како ќе игра неговиот клиент во националниот дрес, а за тоа, како што вели, платил некого.
„Мојот мора да биде повикан и мора да го брани пријателскиот 27.3. против Костарика! Така се согласив и дадов аванс“, се наведува во делот на преписката.
Се што напиша менаџерот на крајот се исполни. Неговиот клиент навистина настапи на пријателскиот натпревар против Костарика, што е цврст доказ дека барем еден играч во националниот тим го „купил“ своето место во националниот тим.
Испитувајќи ги понатамошните преписки, јасно може да се види дека фудбалскиот агент бил запознаен и со поканите на другите репрезентативци, кои не се негови клиенти, што укажува на поврзаност со луѓето што владеат со фудбалот во Босна и Херцеговина.
Бугарскиот стратег Ивајло Петев, на прашањето како ги коментира обвинувањата на Асмир Беговиќ, кратко одговори „Нема шанси јас на тоа да одговорам“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ливерпул тргнува по потписот на Александер Исак

Прва лига
И Шкупи „мрдна“, го доведе Емре Кадри

Прва лига
Работнички поразен од Партизани Тирана

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски почна да стрела за Клуж
