Фудбалерите на Бразил се поразени на гостувањето кај Колумбија во квалификацискиот натпревар за пласман на Светското првенство. Натпреварот заврши 2-1 за домаќините, а го одбележа и повредата на бразилската ѕвезда на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор.
Бразил одлично го отвори натпреварот и поведе со голот на Габриел Мартинели во четвртата минута. Асистент за водството на Бразил беше токму Винисиус, кој кон средината на првото полувреме почувствува болка во горниот дел од левата нога и ја напушти играта. Во 75. и во 79. минута Луис Дијаз ги постигна головите за пресврт и победа на домашните.
Повредата ѕвездата на Бразил и Реал Мадрид ја заработи на центарот на теренот без никаков контакт и во моментот кога не направи никакво нагло движење. Винисиус ја следеше акцијата, се движеше во правец на делот од теренот кој во тој момент им припаѓаше на домашните, а потоа само застана, седна на тревникот и побара лекарска помош.
Ова е нов удар за Реал Мадрид, со оглед дека на паузата поради репрезентативни обврски им се повредија тројца клучни играчи.
Винисиус е последен во серијата, а претходно повреди доживеаја и Џуд Белингам и Едуардо Камавинга.
Што се однесува до отсуството на Винисиус, „АС“ наведува дека сѐ ќе зависи од проценката на неговата состојба, но дека и мала повреда би можела да го спречи да игра до крајот на оваа година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Лаутаро и Бони го однесоа Интер на врвот (ВИДЕО)













