Американскиот интернационалец Кристијан Пулишиќ на бизарен начин заработи повреда на бутниот мускул загревајќи се за настап на мечот против Барнли во Премиер – лигата. Се лизна и падна, а притоа го истегна бутниот мускул. Ќе паузира околу еден месец од терените, што секако е нова голема главоболка за менаџерот Франк Лампард.
„Не е прашање на денови туку на седмици. Ќе го немаме Пулишиќ најверојатно во наредните четири седмици“, изјави Лампард.
Пулишиќ најверојатно ќе пропушти седум натпревари за Челси, три од Лигата на шампионите и четири во Премиер – лигата.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski