По заминувањето на Лионел Меси, Барселона би можела да доживее уште еден голем шок. На идентичен начин би можел „Камп Ноу“ да го напушти и Ансу Фати. Тоа е младата ѕвезда на Барселона која ја доби „десетката“ на каталонскиот гигант откако Меси замина во ПСЖ.
Според шпанските медиуми, продолжувањето на соработката со Ансу Фати е неизвесно поради неговиот менаџер Жорге Мендеш. Португалецот врши голем притисок врз новото раководство на клубот со цел да ги добие најдобрите можни услови за шпанскиот репрезентативец чиј договор истекува следното лето.
За таа цел го „искористи“ Манчестер Сити, играчот беше понуден на Англичаните, но Пеп Гвардиола ја одби можноста да го доведе како слободен агент бидејќи не сака да му нанесе голема штета на својот поранешен клуб и претседателот Хоан Лапорта.
Проблем е фактот дека нема сите европски клубови да реагираат на тој начин, ќе има многу од нив кои со задоволство би го донеле Ансу Фати без отштета.
Младиот напаѓач се опоравува од повредата и набрзо треба да се врати на терените, а Барселона под итно треба да иницира нови разговори за продолжување на соработката.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal