
Барселона се соочува со потешкотии со регистрацијата на Дани Олмо, објави „Кадена СЕР“. Шпанскиот репрезентативец се пресели во Барселона од Лајпциг за 55 милиони евра, а дополнителни 7 милиони може да бидат исплатени во зависност од неговите настапи во форма на бонуси.
Управата на каталонскиот клуб потпиша договор со американската компанија „Арамарк“, од која ќе добие 40 милиони евра како дел од соработката во областа на кетерингот.
Се очекува Барселона наскоро да продаде некој од играчите како Рафиња, Роналд Араухо или Френки де Јонг за да може да го регистрира Олмо, задоволувајќи ги строгите финансиски критериуми на Ла Лига. Каталонците, кои имаат сериозни финансиски проблеми, треба да докажат дека имаат уште 15 милиони евра за да ја завршат регистрацијата на новиот играч Олмо.
Во првото коло од новата сезона, Барселона ќе игра како гостин против Валенсија на 17 август.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
