
Проблемите со повредите на Баерн Минхен продолжуваат со полна сила. Денеска Баварците објавија дека новото зимско засилување Саша Бои, за кого на Галатасарај му платија близу 30 милиони евра, заработи повреда и ќе биде надвор од терените за претстојните важни натпревари на тимот.
„Баерн ќе биде без Саша Бои во следните неколку недели. Новото зимско засилување се здоби со скинати мускулни влакна на левиот бутен мускул. Ова е резултатот од прегледот кој го направи медицинскиот оддел на Баерн“, соопшти официјално германскиот првак.
Ова е уште еден играч во тимот со повреда, бидејќи моментно повредени во составот на Баварците се Алфонсо Дејвис, Кингсли Коман, Серж Гнабри, Конрад Лајмер, Даниел Перец и Буона Сар.
Саша Бои беше внесен во тимот токму со надеж дека ќе ја засили десната странична позиција во одбраната. Единствен здрав играч на оваа позиција останува Нусаир Мазрауи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
