Чави Хернандез и Жоан Лапорта се договорија за продолжување на соработката, но сето тоа би можело да падне во вода поради една „непримерна“ изјава на тренерот дадена на последната прес-конференција пред синоќешниот дуел со Алмерија.
Членови на раководството на Барселона вршат силен притисок на Жоан Лапорта да му даде отказ на Чави откако тој јавно истакна дека економската ситуација во клубот не е најдобра и поради тоа Барселона не може во моментот да се носи со најголемиот ривал Реал Мадрид.
„Навивачите на Барселона мора да разберат дека ситуацијата во клубот е многу тешка, посебно во економска смисла. Повеќе не можеме да се појавиме на пазарот и да кажеме ‘ете овој фудбалер го сакаме’. Не сме на исто ниво како останатите клубови. Ни преостанува само да се обидеме да се носиме со Реал Мадрид во следната сезона“, изјави Чави на прес – конференцијата пред мечот со Алмерија.
Оваа изјава предизвикала хаос кај раководните луѓе и кај фановите на Барселона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













