
Капитенот Бруно Фернандеш потпиша нов договор со Манчестер Јунајтед. Португалецот се обврза со клубот до 2027 година, а во договорот има и опција за продолжување на уште една година.
„Сите знаат колку страст имам кон Манчестер јунајтед. Ја разбирам важноста и одговорноста да се носи овој дрес, како и нивото на посветеност и желба што се бара тука. Веќе имав многу посебни моменти откако сум тука: слушав како ‘Стретфорд Енд’ го пее моето име, постигнав хет-трик против Лидс, го водев тимот во големи европски вечери на ‘Олд Трафорд’ и кренав трофеи на ‘Вембли’. Но, не би го потпишал овој договор ако не верував дека најдоброто допрва доаѓа. Од разговорите со шефовите и со менаџерот, сфатив колку е голема желбата на сите да освојуваат големи трофеи и понатаму. Убеден сум дека иднината ќе биде позитивна и со нетрпение го очекувам патот што е пред нас“, изјави Фернандеш по потпишувањето на договорот.
Бруно Фернандеш пристигна на „Олд Трафорд“ од Спортинг Лисабон во зимата 2020 година. Досега забележа 79 гола и 67 асистенции во 234 натпревари во дресот на „црвените ѓаволи“, а ја доби и капитенската лента на тимот.
United and @B_Fernandes8: the perfect match ❤️
— Manchester United (@ManUtd) August 14, 2024
Our captain stays until at least 2027! ✍️#MUFC

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Дејвид Бекам заврши во болница

Евро-фудбал
Давид Алаба повторно се повреди
