
Иван Тричковски и во новата сезона е предводник на АЕК Ларнака, па кипарскиот клуб неслучајно инсистираше да го задржи Македонецот и по истекот на актуелниот договор во 2020 година. Преговорите за продолжување на соработката продолжија успешно, па Тричковски денеска го стави својот потпис на новиот договор со кипарскиот клуб, со важност до крајот на сезоната 2021/2022.
„Пресреќни сме што можеме да објавиме дека постигнавме договор за продолжување на соработката со Иван Тричковски. Нашиот лидер и најдобриот стрелец во европските натпреварувања ќе продолжи да го носи дресот на АЕК уште дополнителни две сезони“ – се вели во соопштението на кипарскиот клуб.
Тричковски е дел од АЕК Ларнака од 2016 година, кога пристигна во овој клуб од редовите на Легија Варшава.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal