
Раководството на Барселона очекува 28 милиони евра од двајца инвеститори поврзани со договорот за ВИП местата на новиот „Камп Ноу“. Овој прилив на средства е клучен за клубот да влезе во рамките на регулациите на Ла Лига според правилото 1:1, кое дозволува трошење само во граници на остварените приходи.
Барселона се потпира на овој приход за да добие компромис од раководството на Шпанската фудбалска федерација, која би требало да ја уважи жалбата на клубот за регистрација на Дани Олмо и Пау Виктор. Како што е познато, овие двајца играчи беа исклучени од регистрите на Ла Лига за втората половина од сезоната, што предизвика голем скандал во шпанскиот фудбал изминатите денови.
Веќе на 1 јануари Барселона поднесе барање до локалната федерација за да се реши ситуацијата со регистрацијата. Одлуката за овој случај се очекува да биде објавена до крајот на денот.
Според „Мундо Депортиво“, ситуацијата би можела да добие уште покомпликуван пресврт. Подобрувањето на финансиската состојба на клубот може да отвори можност за ангажирање нови играчи, но тоа нема да важи за регистрација на Олмо и Виктор, бидејќи роковите за тоа веќе истекоа.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи тргнува по потписот на Лоренцо Лука

Евро-фудбал
Севилја го избра Матијас Алмеида за нов тренер
