Норвешката фудбалска репрезентација се врати од аеродром и замина во карантин иако требаше да отпатува за Букурешт на мечот од Лигата на нации против Романија. Во селекцијата се појави еден случај на заболен од коронавирус, Омар Елабделауи, и тој веднаш е изолиран, но тоа не им беше доволно на здравствените власти во Норвешка.
Тие побараа целата фудбалска репрезентација да замине во карантин наместо да патува за Букурешт. Мисијата е откажана, а мечот речиси сигурно ќе биде одложен или пак Норвешка ќе го загуби со службен резултат. Постои мала веројатност норвешкиот национален тим утре изутрина да отпатува за Букурешт и да го одигра мечот, но таквиот протокол прво треба да го одобрат властите во Норвешка, а потоа и УЕФА.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













