
Пет натпревари од 20.коло во Првата лига се на програмата денеска од 14 часот. Во фокусот е дербито во Тетово меѓу Шкендија и Силекс, но секако дека значајни се и останатите дуели.
Доколку Шкендија победи, ќе направи голем чекор кон титулата, но Силекс сигурно нема да се предаде лесно.
Гостивар нема право на кикс против Беса ако сака да остане блиску до Шкендија, а Работнички мора да победи против Воска за да остане во трка за врвот.
Тренерот на Гостивар, Мерт Нобре, го најави гостувањето на неговиот тим кај Беса, што всушност ќе биде враќање за гостиварци „дома“.
„Имавме одличен прв натпревар по паузата, а сега влегуваме во вториот меч со самодоверба за начинот на кој се подготвивме за овој противник. Иако имаа неколку негативни резултати во последно време, знаеме дека ќе биде тежок натпревар. Нивниот последен настап всушност беше доста добар, и покрај конечниот резултат. Но, за нас не е важно против кого играме – нашата цел секогаш е да останеме на врвот на табелата и да се бориме за титулата. Ќе влеземе со истата решеност и ќе целиме кон трите бода. Исто така, се надеваме дека ќе ја имаме истата неверојатна поддршка од нашите навивачи како на последниот натпревар, за да направиме уште еден меч за паметење и да прославиме заедно по него“, изјави Мерт Нобре во пресрет на пресметката со Беса.
Тиквеш на домашен терен ќе го пречека Пелистер, а во Струмица ќе играат Брера и Шкупи.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 20.КОЛО (денеска, 14 часот)
Шкендија – Силекс
Работнички – Воска
Беса – Гостивар
Тиквеш – Пелистер
Брера – Шкупи
Вчера: Струга ТЛ – Вардар 0-2

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Комо го тресна Наполи

Женски фудбал
Фудбалерките убедливо поразени од Косово
