
Напаѓачот на Лајпциг, Кристофер Нкунку, кој се повреди на еден од последните тренинзи на француската репрезентација пред Светското првенство, ќе паузира подолго од очекуваното. Според „Билд“, тој има делумно скинати лигаменти на левото колено и неговото опоравување ќе трае меѓу 8 и 10 недели.
Сепак, многу појасно ќе стане кога Нкунку ќе се врати во Германија и ќе биде подложен на поопсежни детални прегледи.
Францускиот интернационалец се повреди при дуел со Едуардо Камавинга на тренингот на „петлите“ пред неколку дена.
Повредата го извади Нкунку од тимот на Дидие Дешамп за Светското првенство, а првичните извештаи сугерираат дека тој ќе биде надвор од терените околу два месеци.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal
