
Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, е на чекор до заминување од „Олд Трафорд“. Тој не е во најтесните планови на менаџерот Аморим кој му дал слобода да избере нов клуб.
Интерес за англискиот напаѓач покажуваат Милан, Јувентус, како и Борусија Дортмунд. Сепак, неочекувано, се појави тим за кој никој не очекуваше дека ќе се вклучи во трката за Рашфорд.
„Скај Италија“ открива дека Маркус Рашфорд би можел својата кариера да ја продолжи во Комо, клубот чиј тренер е Цеск Фабрегас.
Преговорите се во тек, а Рашфорд дефинитивно до крајот на јануари ќе го напушти Манчестер Јунајтед.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal