
Манчестер Јунајтед ќе ги одбие понудите за Дони ван де Бек во текот на летото, тврдат медиумите на Островот. Клубот има големи планови за Холанѓанецот, кој има забележано само 326 минути на теренот во Премиер – лигата оваа сезона.
Ван де Бек неодамна имал средба со Оле Гунар Солсјаер, а менаџерот јасно му ставил до знаење дека ќе добие повеќе шанси да блесне следната сезона. Ајакс, наводно, е подготвен да го врати на позајмица ова лето откако од холанскиот тим забележуваат дека не успева да импресионира на „Олд Трафорд“. Сепак, Јунајтед сака да ги предупреди сите потенцијални купувачи дека тој нема да замине.
Ван де Бек оваа сезона забележа 16 настапи за Јунајтед во Премиер – лигата, а на повеќето од нив влезе од клупата за резервни играчи. Тој има постигнато еден погодок, а запиша две асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора
