
Иван Николов по ангажманите во младата репрезентација сега повторно е со фокусот на синиот дрес и утрешниот натпревар на Брегалница против Работнички во деветтото коло од Првата македонска фудбалска лига.
Николов беше еден од најдобрите поединци на македонската селекција на пријателските натпревари на турнирот во Хрватска, против Албанија и против Саудиска Арабија, носејќи ја и капитенската лента. Сега, посакува формата да ја преточи и на следните натпревари на „сините“.
„Одигравме два добри натпревари со репрезентацијата. Ја победивме Албанија со 3-1, а ремизиравме (1-1) со Саудиска Арабија. Навистина сум задоволен од мојата игра и резулатите кои ги постигнавме. Сето тоа ми носи мотив сега и за следните натпревари на Брегалница. На ред е Работнички. Знаеме дека им промени во тој клуб па сигурно ќе пристигнат максимално мотивирани во Штип, но ние веруваме дека можеме да продолжиме со добрите игри, а бодовите да останат во Штип“ – вели Николов пред утрешниот натпревар.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
