
Манчестер Сити и Интер од 21 часот го играат финалето на Лигата на шампионите во Истанбул, а англискиот тим во последниот натпревар од сезоната влегува како огромен фаворит.
Коефициентот на обложувалниците дека Сити првпат ќе стане европски првак е само 1,25, а на четвртата титула на Интер коефициентот е 4,00.
Коефициентот дека Сити ќе го реши натпреварот во 90 минути е 1,50, а за Интер околу 7.
Во последните 19 сезони, никој не бил поголем фаворит во финалето на Лигата на шампионите од Сити.
Досега најголем фаворит беше Барселона против Јувентус во 2015 година. Коефициентот дека Меси и друштвото ќе победат на натпреварот беше околу 1,30. Барселона на крајот ја оправда улогата на фаворит и победи со 3-1.
Најголемото изненадување во финалето го направи Челси, кој победи против Баерн во 2012 година. Коефициентот на лондонскиот клуб тогаш беше 3.00.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Владан Милојевиќ ќе седне на клупата на Србија?

Млади репрезентации
Данев: Сакаме да влеземе во серија, да ја победиме и Црна Гора на гости
