
Еден од најдобрите фудбалери на ЕВРО 2024, шпанскиот репрезентативец Нико Вилијамс, одлучи да остане во Атлетик Билбао и следната сезона, соопштува „Марка“. Со оваа одлука пропаѓа можноста за негов трансфер ова лето во Барселона или Пари Сен Жермен, кои беа најзаинтересирани за неговиот потпис.
Европскиот шампион со Шпанија доби одмор до 12 август, но го прекина порано и уште денеска започна со подготовки. Во специјалното обраќање до фановите на Атлетик, 22-годишниот напаѓач изјави дека е подготвен за нова одлична сезона.
Нико Вилијамс веќе одби неколку понуди од Барса и ПСЖ. Личното убедување да си замине од Билбао се покажа како потешкиот дел, бидејќи во неговиот договор има вклучена откупна клаузула од 58 милиони евра, која заинтересираните клубови можат да ја активираат и на тој начин да избегнат преговори со раководството на Атлетик.
🚨🔴⚪️ Nico Williams on Athletic Club channels: “I’m back! I’m really looking forward to this season”.
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) August 6, 2024
“Vamos, Athletic!”. 👍🏽pic.twitter.com/akD0iXWBY7

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Арсенал го обнови интересот за Адемола Лукман

Прва лига
Шкупи се засили со Ринор Ајдини

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски погоди и вторпат во дресот на Клуж

Евро-фудбал
Давид Алаба повторно се повреди
