Нико Вилијамс беше една од големите ѕвезди на Шпанија на патот до титулата на ЕВРО 2024. Крилниот напаѓач го постигна првиот гол во финалето против Англија, кое го добија со 2-1.
„Ова е вистинска еуфорија! Среќен сум за сите луѓе кои придонесоа за успехот: нашите родители и нашите фанови. Сигурно сме најдобриот тим. Никој не може да нѐ запре“, изјави радосниот Нико Вилијамс.
Нико Вилијамс е вториот најмлад стрелец во историјата на финалињата на европските првенства.
„Ни беше тешко, бидејќи Англија има играчи кои можат да направат разлика, но успеавме да се спротивставиме на нивните силни страни. Игравме многу добро во текот на целото првенство“, истакна крилниот напаѓач на Атлетик Билбао.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













