
Германскиот првак Баерн Минхен се стреми да го обнови својот состав со играчи од „новата генерација“ на крилни напаѓачи. Според информациите од „Билд“, Лирој Сане веројатно нема да добие понуда за нов договор, бидејќи актуелниот му истекува на крајот од сезоната. Дополнително, Серж Гнабри и Кингсли Коман се меѓу играчите кои клубот е подготвен да ги продаде доколку пристигнат соодветни понуди.
Една од главните цели на Баерн е шпанскиот репрезентативец Нико Вилијамс, кој игра за Атлетик Билбао. Неговата откупна клаузула изнесува околу 60 милиони евра. Нико Вилијамс оваа година се покажа во одлична форма, што го прави посакуван играч за неколку големи клубови.
Ако Баерн Минхен не успее да постигне договор со Нико Вилијамс, друга опција е египетскиот фудбалер Омар Мармуш, кој настапува за Ајнтрахт Франкфурт. Мармуш се разгледува како „хибридно решение“, бидејќи може да игра како крило, но и како централен напаѓач.
Се споменува дека Баерн водел разговори и со претставници на украинскиот играч Михајло Мудрик. Сепак, интересот за него е прекинат откако беше позитивен на допинг – тест.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal