Connect with us

Неверојатно: Пол Погба му плаќал на „исцелителот“ по 100.000 евра за секоја „магија“

Случајот „Погба“ продолжува. Француските медиуми редовно пренесуваат информации за обидот за киднапирање на Пол Погба, и бараниот откуп од 13 милиони евра. Матијас Погба, постариот брат на фудбалерот на Јувентус, игра важна улога во сето тоа.


Матијас Погба повторно проговори, поранешниот фудбалер моментно е во полициски притвор. Тој тврди дека Серж Орие, поранешен фудбалер на Тотенхем и ПСЖ, му го препорачал исцелителот на Пол, и наводно тој одиграл значајна улога во враќањето на Погба во Манчестер Јунајтед.


Матијас тврди дека на исцелителот Пол Погба досега му платил минимум четири милиони евра. Што се однесува до „клетвата за Мбапе“, Матијас вели дека Погба побарал од исцелителот да го проколне Килијан пред натпреварот на Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите против ПСЖ во 2019 година.


Погба беше многу задоволен од работата на овој врач бидејќи му помогнал да го освои Светското првенство во 2018 година.


„Денес, она на што се надевам е брат ми да се разбуди. Сакам тој да преземе одговорност и да го извлече нашето семејство од смртоносниот хаос во кој не вовлече. Сакам само нормален живот. Вештерството требаше да ја предвиди иднината на Пол, да ги подобри неговите игри, да саботира натпревари, да фрла магии на непријатели или други фудбалери за да го уништи нивниот потенцијал. Пол разговараше со него еднаш или двапати месечно, а го плаќаше од 75.000 евра до 100.000 евра за секој магија“, изјави Матијас Погба.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови