Саудиска Арабија обезбеди место на Светското првенство во 2026 година, а фудбалерите кои го донесоа овој голем успех ќе бидат богато наградени – секој од нив ќе добие премија од 1,33 милиони долари.
Владата на Саудиска Арабија одлучи да ги награди репрезентативците за тоа што по третпат по ред ќе настапат на Мундијал. Според „asharqbusiness.com“, секој од 26-те играчи кои учествуваа во одлучувачките натпревари во октомври ќе добие по 5 милиони саудиски ријали, што е околу 1,33 милиони долари.
„Зелените соколи“ се пласираа на Светското првенство откако го освоија првото место во својата група во четвртата фаза од азиските квалификации. Тие ја совладаа Индонезија со 3-2, а потоа одиграа 0-0 со Ирак. Двата тима имаа по четири бода и идентична гол-разлика (+1), но Саудиска Арабија постигна повеќе голови и затоа заврши на врвот.
Ова ќе биде седмо учество на Саудиска Арабија на Светско првенство – претходно настапија во 1994, 1998, 2002, 2006, 2018 и 2022 година. На последниот Мундијал во Катар, Саудиска Арабија направи сензација победувајќи ги идните шампиони Аргентина со 2-1 во групната фаза.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













